Фуриозен финиш за одличен старт на Бостон бруинс

Бостон бруинс ја искористи предноста на домашен терен и играта со хокеар повеќе против Каролина хурикејнс и победи со 5:2 за фуриозен старт на финалната плејоф-серија во Источната конференција.

Со 4 гола во последниот период, шесткратниот НХЛ-шампион направи комплетен пресврт, а умешно домаќините ја користеа и „пауер плеј“ ситуацијата на мразот и со два гола само за 32 секунди од 1:2 стигнаа до 3:2.

Потоа двапати погодија на празна мрежа во финишот на мечот, кога Каролина го повлекуваше голманот од мразот, во обид да израмни со хокеар повеќе и иако убедливо, малку и со доза на среќа, Бостон поведе со 1:0 во финалето на Истокот.

Гостите, кои се едно од големите изненадувања во овој плејоф, двапати водеа, но немаа спас за одличната игра на Бруинс со играч повеќе. Вториот меч повторно ќе се игра во „ТД Гарден“ во Бостон во недела.

- Оглас -

Најнови вести