Фуриозен финиш за спас од пораз – Шпанија се извади против Шведска

Шведска беше на прагот на изненадување и победа против Шпанија, но фаворитот успеа да се спаси од пораз во судиското продолжение.

Родриго беше умешен во гужвата пред голот на Олсен во 92-рата минута и израмни на 1:1, па сега Шпанците се на прагот на пласман на ЕП 2020 година. Претходно Маркус Берг ѝ донесе предност на Шведска со гол во 50-тата минута.

Во групата Ф има вистинска гужва за првите две места, а на идентичен начин и Норвешка избегна пораз во Букурешт. Сорлот со гол во 92-рата минута израмни на 1:1 и ја казни утката на Пушкаш од пенал. Романија поведе со голот на Митрица, а претходно Пушкаш утна од белата точка, па Романија остана зад Шведска на третата позиција.

Трагичари вечерва се и фудбалерите на Босна и Херцеговина, а примија гол за пораз од Грција во финишот на мечот. Домаќините славеа со 2:1 и сега на Босанците им треба чудо за пласман на ЕП бидејќи на две кола до крајот на квалификациите имаат пет бода помалку од второпласираната Финска. Италија со нова убедлива победа од 5:0 против Лихтенштајн има 8 победи од 8 меча и визиран пасош за првенството следната година.

Швајцарија ја победи Република Ирска со 2:0 и се врати во трката за настап на шампионатот. Во групата Д, Република Ирска и Данска имаат по 12 бодови, пред Швајцарија со 11 и Грузија со 8. Тоа се четирите селекции кои се надеваат на првите две позиции за пат кон ЕП.

- Оглас -

Најнови вести