Фуриозен старт, Шпанија и Италија дадоа два гола во првите десет минути (Видео)

Стартот на второто полуфинале во Лигата на нации започна фуриозно и само за десет минути игра веќе се постигнати два гола, по еден во мрежата и на Шпанија и на Италија.

Шпанците фуриозно го започнаа мечот и во третата минута поведоа со 1:0, а Шпанија го отвори резултатот уште во воведните минути.

Јереми Пино ја искористи грешката на Леонардо Бонуџи, му ја одзеде топката и без проблеми го совлада Донарума.
Италијанците брзо се созедоа по шокот и веќе во 10-тата минута преку Чиро Имобиле, кој беше сигурен од белата точка, дојдоа до израмнување.

https://twitter.com/i/status/1669419166372356096

 

- Оглас -

Најнови вести