Фуриозен старт за македонските кадетки на Светското првенство

Женската ракометна репрезентација на Македонија до 18 години, тргна со убедлива победа од 32-13 (17-7) против селекцијата на Сенегал, на стартот од кадетското Светско првенство за жени кое се одржува во Скопје.

Потполно очекувано нашите ракометарки издоминираа уште во првото полувреме на теренот во салата „Борис Трајковски“, добивајќи го со двоцифрена предност од 10 гола. Проблемите на африканската репрезентација со летовите и задоцнето пристигнување во салата, си го направи своето, па Македонија продолжи во ист ритам, па оваа убедлива победа сигурно ќе донесе позитива во самодовербата на нашите ракометарки.

Со по пет погодоци во нашиот состав, предводеа Бојана и Борјана Коцева, Дускоска и Ризоска.

Македонија во следното коло од групите ќе се сретне со репрезентацијата на Узбекистан, која денес претрпе тежок пораз од Иран со 47-31. Натпреварот повторно ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, со почеток од 20:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести