Габриел Жесус повторно е повреден, неговата замена му донесе предност на Арсенал (Видео)

Фудбалерите на Арсенал водат со 1:0 по првото полувреме во дуелот од 10-то коло во Премиер лигата против Шефилд јунајтед.

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, повторно не може да смета на својот главен напаѓач, Габриел Жесус, кој повторно се повреди, а замената на Бразилецот ги израдува навивачите. Ед Нкетија во 29-та минута го постигна единствениот гол на мечот во првото полувреме и тоа по асистенција на Деклан Рајс.

Во вториот меч од 16 часот, Борнмут и Барнли играат 1:1 по првото полувреме. Гостите поведоа со 0:1 преку Тејлор во 11-та минута, но Семењо во 22-та минута израмни на 1:1.

- Оглас -

Најнови вести