Гачевски: Мечот во Тетово беше срам за македонскиот фудбал (Видео)

Голманот и капитен на фудбалскиот клуб Вардар, Филип Гачевски, по поразот од Шкендија од 0-1 и елиминацијата од Купот на Македонија, преку социјалните мрежи се обрати до јавноста и го искажа своето незадоволство од односот на публиката и толеранцијата која кон нив ја имаат официјалните лица.

„Ова што се случуваше на денешниот меч во Тетово е голем срам за македонскиот фудбал. Мислам дека ФФМ и луѓето кои го водат фудбалот треба да се запрашаат и да одлучат до кога вака. Главата горе момци, секоја чест“, напиша Гачевски на „Фејсбук’.

Ова е голот на Ибраими со кој Шкендија дојде до пласман во четврт-финалето на Купот:

 

- Оглас -

Најнови вести