Гаф на тренерот на Хајдук: Ги измеша Македонците, Ристовски промашил шанса за Хајдук?!

Екипата на Хајдук загуби на гостувањето од Риека со 1-0 и речиси ги загуби шансите за титулата во првенството на Хрватска, со оглед на тоа дека има заостанување од 10 бода.

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски во игра влезе во 68-мата минута и имаше шанса да постигне гол, а токму таа ситуација ја издвои и тренерот на Хајдук, Мислав Кароглан, но направи гаф и рече дека шанса имал Ристовски, мислејќи на Стефан Ристовски од Динамо Загреб.

„Тврд натпревар, во првото полувреме немаше многу шанси. Риека подобро влезе во второто полувреме, примивме евтин гол, потоа имавме голема шанса преку Ристовски, но нашата криза продолжува и тешко е да се каже нешто во овој момент“, рече Кароглан.

- Оглас -

Најнови вести