Галакси е приоритет на Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ би можелo да остане во САД, поточно во Лос Анџелес, каде што настапува за тимот на Галакси, и покрај интересот од неколку европски клубови. На Швеѓанецот му е приоритет да остане во клубот, потпиша кон почетокот на 2018 година, особено ако раководстовото му исполни неколку негови желби.

„Постои интерес за мене од Европа, тоа не е тајна. Но, јас сакам да останам во ЛА, среќен сум тука. Интерес од други клубови секогаш ќе има, не беше изненадување кога ме бараа и кога бев повреден, па не е ни сега. Јас сум играч на Галакси, засега се фокусирам само на нив“, истакна Златан за американските медиуми.

Се шпекулира дека Ибрахимовиќ ѝ поставил неколку услови на управата на клубот од МЛС за да остане подолг период во Градот на Ангелите, па во следниот период ќе се знае дали неговите желби ќе бидат исполнети. Се зборува и за кратка позајмица во Европа, бидејќи Галакси моментално нема фудбалски обврски, откако рано заврши нивното патешествие во разигрувањата на плејофот. Пред неколку дена беше најавено дека постигнал вербален договор за враќање во редовите на Милан, но засега нема поконкретни информации околу тој евентуален трансфер.

Во 27 настапи во МЛС-лигата, Ибрахимовиќ постигна 22 погодоци и запиша шест асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести