Галатасарај е нов шампион на Турција, ќе прослават на дербито против Фенербахче! (Видео)

Галатасарај по 23-ти пат е шампион на Турција, а првпат по 2019 година. Галатасарај има пет бода предност пред лутиот ривал Фенербахче на едно коло до крајот, а во последната рунда, Галата го пречекува токму Фенер во мегадербито.

Вечерва Галатасарај со 4-1 славеше на гости кај Анкарагучу. Мауро Икарди ги даде првите два гола во првото полувреме и ја најави победата.

Ова е голот на Бариш Алпер Јилмаз за 3-1, по кој дефинитивно стана јасно дека популарниот Чим Бом ќе ја освои титулата во Турција за сезоната 2022/2023:

- Оглас -

Најнови вести