Галатасарај може да жали што нема водство против Баерн, само еден гол во Милано (Видео)

Одличен фудбал играат екипите на Галатасарај и Баерн Минхен во првото полувреме на мечот во Истанбул. Турскиот претставник може да жали што нема водство на полувремето, со оглед на тоа дека имаше најмалку пет до шест фантастични шанси да ја затресе мрежата на одличниот Урлих.

Кингсли Коман во осмата минута го отвори резултатот и го доведе Баерн во водство од 0-1, а Маурисио Икарди во 30-тата минута од пенал израмни на 1-1.

Интер во Милано има минимално водство од 1-0 против Салцбург со погодокот на Алексис Санчес во 19-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести