Галатасарај пречекан од дрски цариници, експресно ја напушти Атина (видео)

Галатасарај денес пристигна во Атина, Грција, за пријателскиот дуел против Олимпијакос, кој беше закажан за утре, но експресно се врати во Турција поради недоличното однесување од страна на цариниците на аеродромот.

Причината е што грчките цариници прилично дрско се однесувале со фудбалерите, не ги прифаќале нивните ПЦР тестови за ковид-19.

„Документите детално беа проверувани. Имавме ПЦР тестови не постари од 72 часа, како и брзи тестови за антитела не постари од 48 часа. Чекавме околу два часа, а потоа еден од цариниците ни кажа дека не ги прифаќа тестовите иако Турција и Грција имаат договор околу меѓусебно признавање на овие тестови. Контролата на аеродромот потоа не ни дозволуваше да ги користиме салоните, не можевме ниту вода да земеме. По разговор со клупскиот претседател и тренерот Фатих Терим, одлучивме да се вратиме во Истанбул“, истакна портпаролот на Галатасарај.

Што се однесува до пријателскиот меч против Олимпијакос, кој е закажан за утре, останува неизвесно дали Галатасарај ќе го одигра.

- Оглас -

Најнови вести