Галеб на Отвореното првенство на Австралија ја спаси тенисерката која се исплаши од бубачка (Фото)

За време на натпреварот помеѓу Арина Сабаленка и Каја Канепи на Отвореното првенство на Австралија се случи нешто несекојдневно.

Белорусинката Сабаленка, која беше втора носителка, испадна во овој осминафинален меч. Очигледно таа не е љубител на инсекти, се обиде бубачката која слета на теренот во нејзина близина да ја тргне со рекетот, но не успеа, па дојде помош од „небо“.

На теренот долета еден галеб, тој ја фати бубачката и со пленот во уста ја напушти арената во Мелбурн.

- Оглас -

Најнови вести