Галските петли сами си го најдоа излезот од ЕП

Норвешка обезбеди место во втората рунда од ракометното ЕП по триумфот над Франција со 28:26. Воедно Норвежаните ги елиминираа Галските петли кои по шокот од Португалија го претрпеа вториот пораз, па за нив шампионатот заврши.

Противникот на Македонија во третото коло, составот на Австрија за пласман во следната фаза се избори по рутинската победа над Украина со 34:30, а и Словенците се сигурни учесници откако беа подобри од Шведска со 21:19.

- Оглас -

Најнови вести