Галтие потврди: Меси викендов го игра последниот натпревар за ПСЖ

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, во најавата за последното коло од француското првенство и дуелот против Клермон потврди дека Меси и дефинитивно си заминува од Париз.

„Имав чест да го тренирам Меси, најдобриот фудбалер на сите времиња. Овој викенд Меси ќе го одигра последниот натпревар во дресот на ПСЖ“, рече Галтие.

Договорот на Меси и ПСЖ истекува со крајот на оваа сезона, а Аргентинецот има три опции за продолжување на кариерата. Враќање во Барселона, трансфер во МЛС во клубот на Дејвид Бекам или потпис во Саудиска Арабија за најголемиот договор во историјата на спортот, кој ќе изнесува 1,2 милијарди евра.

- Оглас -

Најнови вести