Гана од сјај до очај, во судиското продолжение прими два гола и остана без осминафинале, Египет и без Салах продолжува понатаму

Неверојатен беше расплетот во групата Б на Африканскиот куп на нациите, каде што селекциите на Зеленортските Острови и Египет ги освоија првите две места во групата, а вистински трагичари се фудбалерите на Гана.

Во третото коло, Египет влезе како второпласиран во групата со еден бод предност пред Гана и Мозамбик, додека Зеленортските Острови уште во претходното коло го обезбедија првото место. По првото полувреме, Гана имаше резултат кој ја носи во осминафиналето, водеше со 1:0 против Мозамбик, додека Египет губеше со 0:1 од Зеленортските Острови.

Во вториот дел, Египет, кој играше без Мохамед Салах, израмни против Зеленортските Острови со голот на Трезеге во 50-тата минута, а Гана во 70-тата, по голот на Ајев од пенал, поведе со 2:0 против Мозамбик.

Но, во финишот на двата натпревари донесе неверојатен расплет. Мозамбик во првата минута од судиското продолжение намали на 1:2, а во 94-тата минута ја шокира Гана израмнувајќи на 2:2, додека Египет во 93-тата минута поведе со 2:1 и се врати на второто место на табелата.

Во последните моменти од мечот, Зеленортските Острови успеаја да се спасат од пораз, но тоа не промени ништо на табелата, а Египет го освои второто место со три бода, еден повеќе од Гана и Мозамбик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести