Гарсија има 454 натпревари како тренер, за првпат нанижа шест порази

Ватфорд има лош старт во новата сезона, тргна со два порази, а во лошо расположение почетокот на Премиерлигата ја дочека и менаџерот на тимот Хави Гарсија.

Шпанецот имаше добри резултати со Ватфорд во минатата сезона, но финишот му донесе четири порази по ред, па со овие два стартни порази има вкупно шест неуспеси во низа. Тоа на Гарсија му се случува за првпат во богатата тренерска кариера.

Шпанецот има работено како тренер во 11 клубови од 4 земји вклучувајќи го и Ватфорд, а досега има биланс од 494 натпревари и за првпат серија од шест порази.

Гарсија мора да најде чаре да се сопрат поразите, бидејќи сериозно му се заканува ситуација, јубилејот од 500 меча да не го прослави на клупата на премиерлигашот.

- Оглас -

Најнови вести