Гаске: Ноле и Рафа како да не сакаат да престанат да играат

Ришар Гаске во раната фаза го заврши настапот на Ролан Гарос, но францускиот тенисер со нетрпение го чека расплетот. Според Гаске, дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ќе биде вистински спектакл на двајца од тројцата најдобри тенисери во историјата.

Гаске е воодушевен како овие двајца играат толку моќно, иако се во години во кои многумина тенисери веќе се откажуваат од активно играње.

„Според мене, тие двајца, заедно со Роџер Федерер, се најдобрите тенисери во историјата. Неверојатно е кога ги гледате како играат, а имаат по 35 и 36 години. Како да не сакаат да престанат да играат. Надал дури 13 пати го освојуваше Ролан Гарос, а тоа важи и за Новак, кој има многу гренслем-трофеи. Чудесно е да се има ваква ера во тенисот и затоа треба да уживаме во секој нивен меч затоа што наскоро ќе дојде крајот“, рече Гаске во исчекување на четвртфиналето на двајцата тенисери кои заедно имаат освоено 41 гренслем-турнир.

- Оглас -

Најнови вести