Гасперини: Изгледа на Аталанта не ѝ треба тренер!

Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, по триумфот на неговиот тим против Лацио од 3-2, го сподели мислењето за натпреварот што го гледаше од трибините бидејќи поради суспензија, не смееше да седи на клупата.

„Не е забавно да се гледа мечот од трибини бидејќи не можете ништо да сторите, не смее ниту да се даваат совети до играчите. Не беше лесно, но беше задоволство да се види како се добива впечаток дека на мојот тим веќе не му треба тренер. Играчите во секој момент точно знаат што треба да направат. Оваа Аталанта е созреана, има огромна самодоверба дури и во најтешките моменти како вечерва. Да губиш 0-2 против тим како Лацио, а да веруваш дека ќе победиш на крајот и да го направиш тоа, малку екипи се способни на такво нешто“, изјави Гасперини.

Аталанта е четврта на табелата и има 77 постигнати гола, бројка со која го изедначи скорот кој го имаше по завршувањето на минатата сезона. Тоа значи дека ако продолжат во ист голгетерски ритам, можеби ќе стигнат и до 100 гола сезонава во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести