Гасперини: Пет измени? Фудбалот не е кошарка

Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, му се приклучи на колегата од Барселона, Кике Сетјен, како стручњаци кои сметаат дека новото правило за пет измени во текот на еден натпревар, не е добро. Ова привремено правило е со цел заштита за фудбалерите од преголеми напори и можни мускулни повреди.

„Игралите се гладни за играње, одвај чекаат да се вратат на терен. Техниката брзо може да се врати, играњето фудбал е како возење велосипед, не се заборава. Не сакам фудбал без навивачи, но тоа е единствениот начин да се вратиме на терен. За петте измени, мислам дека е лоша идеја. Фудбалот ќе стане како кошарка. Ова е исто како да ви дозволат да го менувате моторот на автомобилот среде трка. Се нарушува спектаклот. Кој е тој генијалец што тврди дека ова правило ќе спречи повреди?“ – вели Гасперини, кој призна дека бил болен од коронавирус кога ја водел Аталанта на мечот со Валенсија од Лигата на шампионите.

Гасперини даде интересен одговор и на прашањето дали Аталанта може да ја освои ЛШ, натпреварување во кое стигнаа до четвртфиналето и ќе го чекаат името на противникот?

„Ние нема да ја освоиме Лигата на шампионите, но не сум сигурен дека ќе биде така“ – рече Гасперини.

- Оглас -

Најнови вести