Гатузо доби ултиматум: Мора да победи на следните три меча

Милан и во новата сезона продолжи со старите навики, а тоа е да киксира и на мечевите за кои се верува дека треба да ги добие. По првите четири средби, „росонерите“ имаат само една победа и се во долниот дел од табелата. Токму поради тоа, тренерот Џенаро Гатузо е прв на удар.

Челниците на Милан му дадоа ултиматум на Гатузо дека тимот мора да победи на следните три натпревари. Ако се знае дека Милан веќе оддамна го има загубено победничкиот менталитет, речиси и невозможно е да се очекува некогашниот гигант од „Сан Сиро“ да се надева на девет бода од следните три дуели.

Мисијата на Гатузо ќе започне утре, и тоа на гости кај Емполи, а следни два противници на Милан ќе бидат Сасуоло и Киево. Противниците и не се толку непобедливи, но прашање е дали некогашниот италијански првак ќе може да ја пронајде победничката формула.

 

- Оглас -

Најнови вести