Гатузо: Храбро против Јувентус

Милан мора да покаже храброст против Јувентус доколку сака да го освои пехарот во Суперкупот на Италија, смета тренерот на „росонерите“, Џенаро Гатузо. Јуве и Милан утре во Џеда ќе ги одмерат силите во борбата за првиот трофеј во 2019 година.

Двете најтрофејни екипи (по седум) во оваа конкуренција последен пат во меч од овој тип се сретнаа во 2016 година, кога Милан по пенал-рулетот ја доби битката против „старата дама“.

„Се соочуваме со екипа која доминирива во Италија изминативе неколку години, но тоа не значи дека ние треба да се откажеме веднаш од трофејот. Ова е добро искуство за нас, така што очекувам да одиграме храбро, подготвени сме за тешка борба“, вели Гатузо.

Дуелот ќе се игра на стадионот „Крал Абдула“, во терминот од 18:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести