Гатузо и Малдини се изгушкаа, па нивните тимови си освоија по бод

Наполи и Милан одиграа интересни 2-2 на „Сан Паоло“ и ја продолжуваат својата трка за место во Лигата на Европа. Наполи е шести, со два бода повеќе од Росонерите.

Милан водеше, па Наполи направи пресврт, на крајот сите беа среќни и задоволни со реми. Милан на шест меча по ред дава барем два гола, ваква серија немале од сезонат 2011/12 наваму, а првпат од декември 2011 погодија пенали на три средби едноподруго.

Македонскиот плејмејкер Елиф Елмас влезе во игра во 65-тата минута, при 2-1 за Наполи.

Пред почетокот на мечот, дојде до срдечен поздрав на двете легенди на Милан, Паоло Малдини и Џенаро Гатузо. Гатузо 13 години играше за Милан, беше и тренер на тој клуб, а сега го води Наполи, па се чини дека нерешениот резултат е по негова мерка.

- Оглас -

Најнови вести