Гатузо има верба во дијамантот, Елмас ќе биде стартер во битката за финале во Копа Италија

Елиф Елмас повторно ќе биде стартер за Наполи вечерва во Бергамо против Аталанта, во полуфиналниот реванш-дуел од Италијанскиот куп, и тоа за првпат на два меча по ред сезонава за тимот од Неапол.

Италијанските медиуми објавија дека нашиот репрезентативец сигурно ќе биде во стартната постава на гостите, кои ќе се обидат да ја елиминираат Аталанта, по ремито дома без голови.

Елмас во последно време има сè поголема минутажа, а вторпат по ред ќе биде во почетната постава, откако играше од старт за Наполи против Џенова викендов.

Тоа е одлично за него бидејќи со игрите и со головите ја врати довербата на Џенаро Гатузо, иако се шпекулираше дека ќе го напушти Наполи во зимскиот преоден рок.

Победникот од мечот во Бергамо што ќе се игра вечерва од 20.45 часот ќе му биде ривал на Јувентус во финалето на Копа Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести