Само Гатузо не го гледал шоуто на Елмас против Германија, ќе го остави на клупа против Кротоне

Навивач на Наполи има интересна реакција на идејата на Џенаро Гатузо повторно да го остави на клупата за резерви, Елиф Елмас за мечот против Кротоне што се игра утре.

„Изгледа само Рино не го гледал шоуто на Елмас против Германците“, е кусата и многу јасна реакција на најавата на Гатузо, кој повторно не го планира Елиф за стартер, ниту против Кротоне.

Елмас има минутажа во Наполи, но најчесто како резерва од клупата, што не е добро за нашиот фудбалски дијамант. Сепак ако на некој начин се мачи за да се избори за стандардно место во Наполи во ерата на Гатузо, добро за Македонија е што Елмас блеска во дресто со национални бои.

Беше креатор на победничката акција во Тбилиси за историска победа против Грузија, по која остваривме прв пласман на големи натпреварувања и ќе играме на Европското првенство во јуни и јули, а завчера со гол во 85. минута ја нокаутира Германија во победата од 2:1 во Дуизбург.

Неговиот агент Џорџ Гарди изјави дека Елмас веќе вреди 40 милиони евра, иако и тој не се согласува со одлуките на Гатузо, за кого вели деке не е свесен каков бисер има во тимот.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести