Гатузо не ја научи лекцијата, Наполи падна во Бергамо

Аталанта со сигурни 2-0 го совлада Наполи за четврта победа во низа по рестартот на сезоната во Серија А. Џенаро Гатузо не ја научи лекцијата дека не треба да го остава Елиф Елмас на клупа, сепак се одлучи за таков тактички потег и неговиот тим загуби. Со Елмас на теренот како стартер, Наполи нема пораз од декември минатата година.

За конечниот резултат и сигурен триумф стрелаа Пашалиќ и Госенс во воведните минути од второто полувреме, па сега Аталанта има 60 бода по 29 натпревари во Калчото, додека Наполи првпат загуби по продолжувањето на сезоната и остана на 45 бода и шестата позиција на табелата.

https://www.youtube.com/watch?v=j1xVZkrmMkQ

- Оглас -

Најнови вести