Гатузо пресече, Елмас нема да игра против Беневенто

Екипата на Наполи утре попладне гостува кај Беневенто, а во составот на наполитанците ќе ги нема Елиф Елмас и Пјотр Зјелниски кои штотуку добија негативни резултати на тестирањето за Ковид-19. Македонецот и Полјакот веќе не се заразени, но тренерот Џенаро Гатузо одлучи да ги поштеди, бидејќи тие во изминатиот период беа во изолација и не тренираа со тимот.

Елмас од понеделник ќе почне да тренира, па ако нема некои поголеми проблеми, ќе биде во конкуренција за настап на мечот со Сасуоло на 1 ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести