Гатузо: Се извинувам што не ја однесов Италија на Светско првенство

Италија стана првата земја која била светски првак во фудбал, а да пропуштила дури три Мундијали по ред. Ова е катастрофа за четирикатните светски шампиони, но баражите се покажуваат како кобни за нив.

Италијанскиот фудбал е во голема криза, не само репрезентацијата што потфрла, туку оваа сезона ќе нема ни клубови од Апенинскиот Полустров во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Селекторот Џенаро Гатузо во октомври 2025 година рече: „Ако не се квалификуваме за Светското првенство, ќе ја напуштам Италија и ќе живеам некаде далеку“.

Синоќа, по поразот од БиХ на пенали, изјави нешто друго околу својата иднина: „Мојата иднина? Не е време да се зборува за тоа сега. Многу ми е жал. Се извинувам што не можев да ја однесам Италија на Светското првенство. Ќе ми треба време да го преболам овој удар“.

Џиџи Буфон, кој е шеф на делегацијата, исто така рече дека ќе си даде оставка ако Италија не се пласира на СП, а синоќа рече дека тој и Гатузо остануваат до јуни, а потоа ќе видат што и како. Идната недела има избор за претседател на Фудбалската федерација на Италија и ако дојде нов предводник, големи се шансите Буфон и Гатузо да не го дочекаат ни јуни на функциите кои ги вршат.

- Оглас -

Најнови вести