Ѓаволите стравуваат од босанскиот Дијамант, Џеко давал гол на секој меч на „Олд Трафорд“

Рома се надева дека после 30 години, повторно ќе заигра финале во некое европско клупско натпреварување, а еден од адутите во кој се крстат римјаните пред вечерашното гостување од полуфиналето на Лига Европа кај Манчестер јунајтед е 35-годишниот Един Џеко.

„Олд Трафорд“ е омилен стадион на Џеко. Босанскиот Дијамант на сите свои гостувања на Театарот на соништата во Манчестер, постигнувал гол. Џеко од 2011 до 2015 година беше играч на Манчестер сити, и против Јунајтед имаше седум гола и две асистенции на девет дуели, а и претходно во дресот на Волфсбург, Џеко даде два гола против Црвените ѓаволи.

На четири гостувања на „Олд Трафорд“, Џеко има пет гола и две асистенции. Поради тоа, се очекува Џеко да добие предност пред Борха Мајорал да биде стартер.

Во октомври 2011 година, Сити како гостин го разби Јунајтед со 6-1, а интересно е што тогаш во поразениот тим беше Крис Смолинг, кој сега е член на Рома и ќе се сретне против својот некогашен клуб.

- Оглас -

Најнови вести