Ѓаволски добра е листата со кандидати за нов тренер на Манчестер јунајтед, меѓу нив е и Томас Тухел

Ралф Рангник, како што е најавено, ќе се повлече од клупата на Манчестер јунајтед по завршувањето на сезоната, иако навивачите на Црвените ѓаволи бараат тоа да го стори веднаш, а како негова замена постои листа на желби кај 20-кратниот англиски првак со пет имиња.

На неа се наоѓа и Томас Тухел, кој лани го доведе Челзи со триумф во Лигата на шампионите.

Германецот има важечки договор со Челзи, но клубот е во тешка ситуација по најавеното заминување на сопственикот Роман Абрамович.

Манчестер јунајтед сака да ја искористи ситуацијата кај ривалот од Лондон и да го доведе Тухел како нов тренер.

Рангник ќе биде советник во клубот од Манчестер од идната сезона, а му е сонародник на Тухел и може да се обиде да го доведе во Јунајтед.

На листата се и двајца шпански тренери, Хулен Лопетеги и Луис Енрике, двајцата со искуство како селектори на Шпанија.

Лопетеги беше на чело на Црвената фурија од 2016 до 2018 година, а ги предводеше и Реал Мадрид, претходно и Порто, а сега е кормилар на Севилја.

Енрике е актуелен селектор на Шпанија, а беше шеф на стручен штаб во Рома, Селта и Барселона.

Манчестер јунајтед ги има предвид и Маурисио Покетино, кој е на излезна врата во ПСЖ, и Ерик тен Хаг, сегашниот тренер на Ајакс.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести