Ѓаволска шлаканица на Ливерпул, кризата на Црвените трае (Видео)

Манчестер јунајтед го доби големото дерби против Ливерпул во рамките на 16-финалето од ФА купот. Црвените ѓаволи до триумф над лутиот ривал дојдоа благодарение на голот од слободен удар на Бруно Фернандеш во 78-мата минута.

Португалецот влезе во игра само 12 минути пред да го даде голот. Откако дојде во Англија, Бруно е најефикасен од премиерлигашките фудбалери во сите натпреварувања.

За Ливерпул продолжува кризата, тимот на Јирген Клоп има само една победа во последните шест меча во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести