Ѓаволски добар потег – Манчестер јунајтед галантно покажа зошто е меѓу најдобрите на светот

Манчестер јунајтед со галантен потег покажа зошто е еден од најголемите клубови во историјата на фудбалот и ги воодушеви сите симпатизери на бубамарата со одлуката да ги плаќа сите работници редовно, без разлика на времетраењето на кризата и покрај тоа што клубот трпи големи загуби.

„Ова е дел од културата на однесување на заедницата на Манчестер јунајтед. Тие луѓе вредно работат и имаат клучна улога сè да функционира беспрекорно во клубот. Нема да дозволиме кризата финансиски да ги погоди“, објави Ед Вудворд.

Се работи за околу три илјади вработени луѓе во клубот, кај кои според најавата на челниците на Манчестер јунајтед нема да има отпуштање, ниту намалување на платите додека трае кризата.

 

- Оглас -

Најнови вести