Гарначо е спасителот на Манчестер јунајтед со гол во последен миг (Видео)

Кристијан Ериксен вечерва го постигна првиот гол за Манчестер јунајтед, а заедно со Гарначо се двајцата јунаци на Црвените ѓаволи против Фулам

Гостите од Манчестер водеа од 14. минута со голот на данскиот репрезентативец, а победата им ја донесе 18-годишниот Аргентинец, Гарначо со гол во 93 минута и тоа на асистенција на Ериксен.

https://twitter.com/UTDCJ_/status/1591835204829995008?s=20&t=rtrKHENGxWJ3DURcyglvNw

Гостите промашија неколку шанси во продолжението на мечот на „Крејвен Котиџ“ и ги казни Даниел Џејмс само 120 секунди откако влезе во игра за Фулам.

Во 61. минута велшкиот репрезентативец погоди на сличен начин како Ериксен и израмни на 1:1, но недоволно за реми против гигантот.

Гарначо беше присебен и на вистинското место во судиското продолжение за победа на гостите, мои сега имаат серија од 15 меча без пораз со Фулам.

Манчестер јунајтед има 26 бода на петтата позиција, а Фулам со 19 бода е на  деветтото место.

 

- Оглас -

Најнови вести