Ѓаволски маки за Манчестер – Погба и Де Хеа сигурно не играат против Ливерпул

Пол Погба и Давид де Хеа сигурно нема да настапат за Манчестер јунајтед на големото дерби во недела против Ливерпул на „Олд Трафорд“.

Францускиот репрезентативец, според најавите, месецов нема да игра за Црвените ѓаволи и сè уште е на рехабилитација, а голманот Де Хеа се повреди на последниот меч на шпанската репрезентација против Шведска вчеравечер.

Оле Гунар Солскјер има ѓаволски маки како да најде замена за двајцата влијателни членови во првиот состав на Манчестер јунајтед за дербито на двата најтрофејни клубови во Англија во сезона што почна лошо за клубот.

Манчестер јунајтед е на 12-то место со 9 бода по 8 кола и заостанува со 15 бода зад Ливерпул.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести