Газдата и претседателот на Тотенхем ќе се видат на Флорида за консултации околу Кејн

Баерн Минхен понуди отштета од 100 милиони евра за Хари Кејн, а од Тотенхем нема одговор, претседателот на клубот, Даниел Леви, замина со семејството на одмор во САД на Флорида.

Но, токму ова му дава надеж на Баерн дека може да заврши сагата околу трансферот на англискиот напаѓач.

Леви во САД ќе остане само два дена, и има информации дека таму ќе се сретне со сопственикот на Тотенхем, Џо Луис, кој истотака живее на Флорида. Наводно таму треба Луис да му даде инструкции на Леви како да постапи. Претходно се пишуваше дека газдата му рекол на претседателот дека мора да го продаде Кејн летово, ако капитенот не го продолжи договорот.

Нов договор на Кејн со Тотенхем нема, па веројатно да се пресели во Минхен е голема, но пак трансферот зависи од тоа колку пари би ги задоволиле Петлите. Од Тотенхем најавуваа дека не сакаат да го продадат Кејн за помалку од 100 милиони фунти, што е повеќе од 100 милиони евра која е последната понуда на Баварците.

- Оглас -

Најнови вести