Газдата на Челзи подготвен да купи и клуб во Франција

Американскиот бизнисмен Тод Боли кој од неодамна е газда на Челзи, планира да купи уште еден клуб и тоа од Франција, пишува реномираниот весник „Гардијан“. Фокусот е на клубот Стразбур, кој сезонава се бори за опстанок во елитното друштво во Франција.

Боли откако дојде во Челзи не жали пари за доведување нови фудбалери, па во последните два преодни рока, американскиот газда потроши половина милијарда евра за трансфери и доведување нови фудбалери.

Со евентуалното купување на Стразбур, Боли сака да создаде „полигон“ во кој шанса ќе добиваат младите таленти кои нема да имаат можност веднаш да заиграат во Челзи. Со играње во Стразбур тие таленти ќе се стекнат со искуство играјќи во една од топ 5 најсилните лиги, а потоа ќе може полесно да се вклопат во англискиот тим.

Со евентуалното купување на нов клуб, Боли нема да биде прв газда на повеќе клубови. Прославениот бразилски фудбалер Роналдо има свои клубови во Шпанија и Бразил, Сити групацијата држи повеќе клубови на неколку континенти, а истото планира да го направи и Њукасл.

- Оглас -

Најнови вести