Газдата на германскиот бундеслигаш сака да го напушти тимот, навивачите го молат да остане

Германскиот милијардер Дитмар Хоп е подготвен да го исполни ветувањето дадено пред три години дека ќе ги продаде акциите што ги има во бундеслигашот Хофенхајм и ќе му се посвети на семејството.

Тој сака раководењето со клубот да им го препушти на младите кои ќе знаат да го вратат тимот во врвот на германскиот фудбал.

Хофенхајм се наоѓа во катастрофална форма, 12 натпревари е без победа, а за навивачите главен виновник е управата која лошо ги одработи последните два преодни рока.

Но, одлуката на Хоп да се повлече, не им се допаѓа на навивачите кои веќе запонаа акции со цел да го натераат милијардерот да се повлече. Пред два дена тие одржаа протест пред неговите канцеларии, на кој се бараше да остане во тимот.

Тие исто така му порачаа дека сите се задоволни со неговата работа и дека тој е вистинскиот човек за да го врати клубот на патеките на успехот. Навивачите дури побараа од Хоп, кој има 51 отсто од акциите на Хофенхајм, да ги откупи и преостанатите 49 отсто.

- Оглас -

Најнови вести