Газдата на Интер го претстави Лукаку: Се врати големиот шеф (Видео)

Сопственикот на Интер, Стивен Жанг, на интересен начин и официјално го претстави новото засилување на клубот, односно камбекот на Ромелу Лукаку.

„Еве го големиот шеф со нас“, рече првиот човек на италијанскиот гигант на објавеното видео во друштво со Лукаку.

Лукаку го урна клупскиот рекорд на Интер во август 2019 година, кога за сума од 80 милиони евра пристигна во Милано од редовите на Манчестер јунајтед.

Играше извонредно за италијанскиот клуб и освои титула во сезоната 2020/21, а потоа урна уште еден клупски рекорд, тој на Челзи со трансфер во Лондон за над 100 милиони евра.

Сега само по една сезона се врати во Интер и пак ќе игра за Нераѕурите.

- Оглас -

Најнови вести