Газдата на Наполи не ја криеше радоста по голот на Елмас (Видео)

Наполи речиси целиот меч го играше со фудбалер помалку, а на крајот сепак победи со 2:0 против Венеција во меч од првото коло во новото првенство на Серија А. Кога Осимхен доби црвен картон во 23-тата минута, тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, реши дека најдобро решение е во игра да влезе Елиф Елмас.

Со влегувањето на Елмас во игра, на теренот не делуваше дека Наполи е со играч помалку. Домаќините поведоа со голот на Инсиње од пенал, а Елмас погоди за 2:0 на 17 минути пред крајот.

Токму голот на Елмас донесе голема радост за газдата на Наполи, Аурелио де Лаурентис, кој веднаш ги крена рацете знаејќи дека тоа е погодок за сигурна победа на Наполи.

- Оглас -

Најнови вести