Газдата на Рома сака да го купи Њукасл

Сопственикот на Рома Џејмс Палота, планира да инвестира во премиерлигашот Њукасл. Но, Палота прво мора да ја продаде Римската Волчица, а познато е дека веќе извесно време е во преговори со една американска компанија околу преземање на клубот од Рим.

Познат како фудбалски фанатик, и покрај проблемите во Рома Палота сака да остане во спортот, а Њукасл е добра опција бидејќи клубот е на продажба. Газдата Мајк Ешли имаше неколку неуспешни обиди да го продаде премиерлигашот за поставената цена од 300 милиони евра, но се чини дека го најде човекот кој ќе ги преземе неговите обврски.

 

- Оглас -

Најнови вести