Можеше да го добие и гратис, но плати 15 илјади евра – Сопственикот најдарежлив на аукција за дресот на својот играч

Сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, се пофали дека го купил дресот на играчот на клубот, Дрис Мертенс на аукција за 15 илјади евра.

Првиот човек на Наполитанците не дозволи дресот што 32-годишниот офанзивец го носеше на мечот од Лигата на шампионите против Барселона да заврши на друга адреса, па беше најдарежлив и успеа да го добие.

„Среќен сум што победив на аукцијата во име на Наполи. Дресот на Мертенс е важен за клубот и останува кај нас, а парите барем малку ќе помогнат во битката со корона-вирусот“.

Аукцијата ја организираше фондацијата Канаваро Ферара и парите ќе одат за помош на загрозените под ковид-19.

Мертенс со нетрпение го чека продолжението на сезоната, а следниот меч во дресот на Наполи ќе биде специјален за Белгиецот. Досега одигра 121 меч за Наполи, со што го израмни рекордот на Марек Хамшик, а првиот меч откако ќе продолжи Серија А ќе му биде рекорден.

- Оглас -

Најнови вести