Сопствениците на англиските клубови се договорија – Фудбалерите се на ред да прифатат 30 отсто помала плата

Сопствениците на 20 клуба од англиската Премиер лига се договорија да има намалување на платите на фудбалерите и менаџерите, но допрва ќе треба да разговара со нив за да се прифати планот што би помогнал да се преброди кризата.

Донесена е и важна одлука со која се пролонгира продолжувањето на сезоната, не пред стартот на јуни, што значи дека во април и во мај сигурно ќе нема англиски фудбал.

Челниците на Премиер лигата објавија и дека ќе им помогнат на англиските клубови со влог од околу 130 милиони евра, што со намалувањето на платите на играчите и на менаџерите би биле доволни мерки да се бие битката со Коронавирусот.

Асоцијацијата на менаџерите во Англија веднаш одговори со соопштение по донесените одлуки и најавија дека ќе се обидат да помогнат со свој прилог во битката со епидемијата, но не објавија дали ќе го прифатат предлогот да им се скрати речиси една третина од платата.

- Оглас -

Најнови вести