Газдите на клубовите во Премиер лигата подготвени да донесат револуционерни промени

Сопствениците на клубовите во Премиер лигата утре ќе имаат важен состанок на кој ќе се гласа за одлуката за евентуално скратување на сезоната. Ваквиот план е во опција ако се случи нешто слично како во неодамна завршената сезона, кога имаше неколкумесечен прекин поради пандемијата со корона-вирусот.

Во Премиер лигата сакаат однапред да се утврдат сите можни сценарија и планови за тоа што би се случило ако има нешто неочекувано. Плановите вклучуваат можност доколку има прекин, да нема испаѓање од лигата. Се очекува да биде даден и предлог дека ако се случи да има прекин, да биде прогласен и конечен пласман на табелата, доколку сите клубови имаат одиграно барем половина од сезонските дуели, односно по 19 натпревари.

Детално се разгледува и планот за телевизиските преноси затоа што некои навивачи бараат поголем број преноси на нивните омилени клубови сè додека не се тргне забраната за влез на гледачите на стадионите.

 

- Оглас -

Најнови вести