„Газета“: Јувентус направи грешки од 500 милиони евра

Најтиражниот спортски весник во Италија, „Газета дело спорт“, објави сторија во која се анализира дека кризата во Јувентус е предизвикана од многуте погрешни трансфери за кои се потрошени 500 милиони евра.

Најлошо поминале со Гонзало Игуаин, на кого Старата дама „фрлила во ветер“ 120 милиони.

Лошата политика почнала во 2016 година со заминувањето на Пол Погба и доведувањето на Игуаин за обесштетување од 91 милиони евра и плата од 7,5 милиони годишно. Севкупно, Јуве за аргентинскиот напаѓач има платено 122 милиони евра, а речиси ништо не доби за возврат. Иако Пипита беше најефикасен играч во првите две сезони, сепак не ги оправда вложувањата во него.

Даглас Коста е уште една лоша инвестиција вредна 87 милиони евра. Подиумот го заокружува Артур со 85 милиони. Се чекаат подобри резултати од Бернардески, Кулушевски, Рамзи, Рабио, Пјаца, кои исто така разочараа.

Исклучок од скапите трансфери и договори е само Кристијано Роналдо. Јуве на Роналдо му плати вкупно 277 милиони евра, но имаа и големи финансиски добивки додека Португалецот го носеше нивниот дрес. Што се однесува до спортскиот дел, Јуве со Роналдо потфрли само во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести