Генијално: Имам клаузула која ми дозволува да се вратам во Њуелс доколку Меси потпише

Нахуел Гузман, голманот на Тигрес и повремен репрезентативец на Аргентина, откри дека има клаузула во договорот со мексиканскиот клуб која му дозволува да се врати во Њуелс одл бојс доколку Лионел Меси одлучи да ја заврши кариерата во клубот од родниот град.

Гузман во 2014 година го напушти Њуелс за да ги брани боите на Тигрес, а споменатата клаузула била важен услов за тој да стави потпис на соработката, и потврди дека клубот ќе му ја исполни желбата доколку во иднина се случи сензационалната преселба на капитенот на Барселона. Самиот Меси своевремено истакна дека би сакал да ја заврши кариерата во Њуелс, клубот за кој навива од мали нозе.

„Кога ја предложив клаузулата, управата на Тигрес ме убеди дека ќе ја вметне во договорот. Единствен начин да ме пуштат да се вратам во Њуелс е доколку Меси одлучи да се пресели таму во залезот на неговата кариера“, истакна Гузман за аргентинските медиуми.

Гузман инаку имаше шанса да дели соблекувална со Меси во селекцијата на Гаучосите, откако се најде на списокот играчи кои настапија на Мундијалот во Русија пред две години.

- Оглас -

Најнови вести