Георге Пушкаш: Повеќе сакам да дадам победнички гол против Македонија, отколку неважен против Германија

Романскиот репрезентативец Георге Пушкаш, даде интересен одговор на прашањето дали повеќе би сакал да постигне победнички гол против Македонија, или почесен во пораз против Германија. Фудбалерот на англиски Рединг, ја преферира првата опција.

„Се разбира дека повеќе би сакал гол за победа против Македонија, тоа е 100 проценти. Така би му донел три бода на мојот национален тим. Немам никакви дилеми. Што ќе ми е гол против Германија, ако тимот загуби? Тој гол нема поента ако репрезентацијата не добие бод“ – изјави 24-годишниот Романец со славно презиме.

Романците од 1998 година немаат играно на Светско првенство, и со големи амбиции влегуваат во овој циклус за Мундијалот во 2022, а прв противник им е македонската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести