Георгиевски жнее нови медали: Сребро од турнирот во Софија

Најуспешниот македонски олимпиец, таеквондистот Дејан Георгиевски продолжува со освојување нови медали. По сребрениот од ЛОИ во Токио, го освои сребрениот медал на Г2 турнирот во Софија.

Овој успех на Георгиевски е важен затоа што се освојуваат бодови како најава за Летните олимписки игри во Париз во 2024 година.

Во првите две кола, Георгиевски имаше две доминантни победи против Радаловиќ од Србија и Касанова од Шпанија, но во финалето, Георгиевски се здоби со мала повреда, па не успеа да се справи со Гарсија Мартинез од Шпанија. Во финалето, Шпанецот победи со 12:7, па за Георгиевски остана сребреното одличје.

- Оглас -

Најнови вести