Ѓердан гол на Шаќири, Ливерпул постигнува само евроголови против Линколн (Видео)

Џердан Шаќири го игра првиот меч како стартер за Ливерпул во 2020 година и веднаш ја оправда довербата што му ја укажа Јирген Клоп.

Со фантастичен гол од слободен удар швајцарскиот репрезентативец му донесе предност на англискиот шампион против Линколн во меч од Лига купот.

По него ефектно погоди и јапонскиот репрезентативец Такуми Минамино, па Ливерпул само по 18 минути игра, има предност од 2:0 и е блиску до меч со Арсенал, што би било дерби на следната фаза во Лига купот на Англија.

- Оглас -

Најнови вести