Гереро се приклучи на елитно друштво

Перу вчера остана со празни раце по поразот од Бразил во финалето од Копа Америка. Кариоките на свое тло ја освоија деветтата титула на Јужна Америка, но, еден Перуанец ќе може да се фали дека влезе во посебно друштво.

Капитенот Паоло Гереро беше стрелецот на единствениот гол за Перу, кој го постигна од белата точка во 44-тата минута за израмнување на 1-1. Со тој гол, Гереро успеа да ја затресе мрежата на сите девет членки на КОНМЕБОЛ и тој е седмиот играч во историјата кој успеал да стигне до вакво остварување.

Утешна награда за Гереро е Златната копачка, која ја подели со репрезентативецот на Бразил, Евертон. Оваа награда досега ја освои трипати, но ќе остане неостварениот сон да ја озрадува својата земја со континентална титула.

- Оглас -

Најнови вести