Килијан Мбапе одигра уште еден скромен натпревар за Реал Мадрид на „Енфилд“ во дуелот против Ливерпул. Французинот не само што беше незабележлив на теренот, туку и промаши пенал, што дополнително ги засили критиките кон него. Актуелниот европски првак сега „виси“ и за пласманот во нокаут-фазата на Лигата на шампионите.
Сепак, поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Герет Бејл, застана во одбрана на Мбапе и изјави дека тој е најдобар играч во светот „кога има свој ден“.
„Кога е негов ден, Мбапе е најдобар играч на светот. Само прашање на време е кога ќе се врати во форма и ќе сврти сè во своја корист. И јас сум промашувал пенали. Сите сме промашувале. Тоа е само несреќна околност“, изјави Бејл.
Неговиот став го поддржа и Лука Модриќ, кој истакна дека Мбапе работи напорно на тренинзите.
„Мбапе тренира на високо ниво, полн е со самодоверба. Сигурен сум дека ќе достигне ниво какво што се очекува од него“, рече Модриќ.
И покрај слабата офанзивна изведба на Реал, голманот Тибо Куртоа повторно се покажа како херој. Белгиецот со неколку клучни интервенции ги спаси Кралевите од целосен дебакл.
„Офанзивно не ни одеше најдобро. Немавме завршно додавање и реагиравме слабо во нападот“, изјави Куртоа по поразот од Ливерпул.