Гери Невил е искрен и вели дека немаше пенал над Рахим Стерлинг во финишот на првото продолжение меѓу Англија и Данска, што беше клучен момент за пласманот на Гордиот Албион во финалето на Европското првенство.
„Пенал? Нема шанса, Англија доби подарок, но баш ми е гајле. Секако ќе победевме и без пеналот“, изјави Невил. Поранешниот долгогодишен играч на Манчестер јунајтед сега во улога на стручен аналитичар е еден од ретките во Англија што признава дека Гордиот Албион доби подарок од холандскиот судија Макели, по кој ја победи Данска со 2:1, по две одиграни продолженија.
https://twitter.com/footballdaily/status/1413048641216995328?s=20
Стерлинг падна во шеснаесетникот на Данците по дуелот со Јоаким Меле, а голем дел од експертите и фудбалски фанови се сомневаат дека имаше контакт и пенал за Англија.
Во тој момент, во 104-тата минута беше нерешено 1:1, а Хари Кејн иако од првиот обид не успеа да го совлада Каспер Шмајхел, ја смести одбиената топка во мрежата на Данците за победа на Англија од 2:1 и пласман во финалето на ЕП.
Англија ќе игра против Италија на 11 јули, во мечот за титулата на „Вембли“ во Лондон.